ВМРО-ДПМНЕ: Економските политики и мерки на власта на СДСМ и ДУИ даваат катастрофален резултат, сите економски параметри го говорат тоа
Економските политики на владата на СДСМ и ДУИ, администрирана од Ковачевски, се лоши и затоа резултатот од тоа е катастрофален.
Македонија поради лошите економски политики и мерки кои досега ги преземаше е на дното по раст на БДП во регионот. Минатата година во Македонија беа затворени околу 7000 компании, а бројот на вработени во индустријата се намалил.
Граѓаните се соочуваат со висока инфлација од околу 7%, основните продукти пораснаа од 30 до 70% за краток период, што е причина стандардот да паѓа, а сиромаштијата галопирачки да расте.
Растот на инфлацијата е поголем од растот на платите и пензиите, а 35% од населението во Македонија е под ризик од сиромаштија.
Во исто време расте и долгот на државата, па така тој надмина 60% од БДП или во евра, ја надмина психолошката граница од 7 милијарди евра и според проценките на владата тој ќе расте уште најмалку 600 милиони евра до крајот на годината.
Никој не знае каде завршија до сега овие пари, бидејќи нема нови автопати, нови болници, нови училишта, детски градинки, ама затоа има непродуктивни трошоци за кафиња, мебел, службени возила, режано цвеќе, фстаци и хотелски услуги.
Овие економски параметри се доволни да покажат каква неспособна, неодговорна и криминогена власт владее со Македонија. Народот тоне во сиромаштија, а власта се богати. Тоа мора да престане.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Лавров: Блискиот исток е на работ на голема регионална војна
-
Кина продолжува да ги намалува ограничувањата за странски инвестиции
-
Фон дер Лајен: Трансформациите треба да бидат фер и да обезбедат просперитет за сите во Европа
-
ДЗС располага само со еден функционален „Ер трактор“, но моментално нема потреба од дополнителни летала
-
Лишени од слобода деветмина дрвокрадци, поднесена кривична пријава
-
Се шетал со полн пиштол и уште 61 куршуми - Уапсен 19 годишник
-
СВР Скопје со засилени мерки за безбеден град Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: Антикорупциска и ЈО да испитаат зошто Филипче како министер криел имот што го поседува