ВМРО-ДПМНЕ: Џафери ќе води седници и на албански, почна реализацијата на тиранската платформа
ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција обвини дека почнала реализацијата на тиранската платформа и оти пристигнуваат фактурите од антидржавното и предавничко однесување на СДС и нивниот претседател Зоран Заев.
- Талат Џафери најави дека ќе го официјализира албанскиот јазик на целата територија, а Собранието на Република Македонија ќе биде третиот парламент во регионот каде што седниците ќе се водат на албански јазик, рече на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев.
Охридскиот рамковен договор, потенцираше тој, предвидува пратениците да може да се обраќаат на својот мајчин јазик, доколку го говорат над 20 отсто од населението бидејќи тоа е индивидуално право, но кога се води седница, тоа е чин од позиција претседател на Собрание и во име на институцијата која што ја претставува, и затоа единствен службен јазик и официјален јазик на целата територија е македонскиот.
Данев рече дека Џафери исто така кажал дека седниците ќе ги водел и на албански и на македонски јазик. - Со тоа Талат Џафери јавно му се изнасмеа в лице на Зоран Заев кој сопствениот народ го навредуваше и понижуваше само за да се обиде да го избере Талат Џафери за нелегален претседател на Собранието, истакна Данев додавајќи дека Заев исто така молчи околу поставувањето на албански знамиња во Кабинетот на претседателот на Собранието.
- Талат Џафери и јавно кажа дека нема намера да го тргне албанското знаме од кабинетот, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ кој смета дека ова е само потврда дека отпочнала реализацијата на тиранската платформа и ја потврдува оправданоста на револтот и незадоволството на народот.
Се поставува прашањето, кажа Данев, ова ли беше дел од големата програма на СДС и за ова ли гласаа членовите и симпатизерите на СДС. Заев, рече тој, е единствениот човек кој успеа за еден ден да ги направи Македонците и Бугари и Срби.
- Ваквото однесување на Зоран Заев е целосно неприфатливо. Време е аболицираниот Заев да го слушне гласот на народот. СДС ќе сноси одговорност за злоделата врз Македонија, изјави на прес-конференцијата Данев.
Ново на Сител
-
Трамп избран за 47-от претседател на САД
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Избегната трагедија во Чемерско - Сите станари од домот евакуирани
-
Дефект на магистрален вод го остави речиси пола Скопје без парно – Проблемот е решен
-
Прикажани снимките од движењата на возилата со кои е грабната Вања
-
Обинителството истражува дали трето лице помагало на Груби и Беџети во случајот за кој се најдоа на црната листа
-
Раде Трајковски-Штекли и уште осум лица од неговата група добија 30 дневен притвор за продажба на дрога
-
Откако Силјановска ги врати, лиценците на негователките утре повторно на седница