ВМРО-ДПМНЕ: Црнилата кои ги предизвика СДСМ не смеат да продолжат во иднина
СДСМ вчера ги зацрни граѓаните. Наместо 500 евра плата за граѓаните, власта изгласа покачување на платите на Радмила Шекеринска, Кочо Анѓушев, Оливер Спасовски, Бујар Османи и Хазби Лика.
Нема 100.000 денари плата за лекарите, но има заменици на директорите во сите јавни претпријатија во државата, кои само за плати ќе ја чинат државата над 2 милиони евра годишно.
Нема поврат на 15% ДДВ кај граѓаните, но затоа има повисоки даноци за ИТ инженерите, земјоделците, луѓето кои играат игри на среќа, граѓаните кои остваруваат доход од издавање под кирија на станбен или деловен објект, лицата кои имаат приход од капитална добивка и други.
Нема нов Клинички центар, но има поскап паркинг за лекарите. Власта им ја честита Новата година на граѓаните со голем број на нови давачки, со стагнација на економијата и системот во глобала.
Црнилата кои ги предизвика власта во изминатиот период не смеат да продолжат и во иднина. СДСМ мора да си замине. За Македонија мора да изгрее зората.
Ново на Сител
-
Низ патарините лани поминале 62.662.988 возила, ЈПДП со приход од над 66.5 милиони евра
-
Уапсен кичевчанец, пренесувал мигранти од Кина
-
Прва крводарителска акција во 2025 година во Делчево
-
Трамп: САД се катастрофа, „смешка“ во очите на светот
-
Девојче е првото родено бебе во Куманово
-
САД ги разгледуваат правилата за ограничување или забрана на кинеските дронови
-
Македонски државјанин пронајден мртов во Италија
-
Утре седница на собраниската Комисија за избори и именувања, на 10 јануари пленарна седница