ВМРО-ДПМНЕ: Четирите пакет – мерки на Владата се задоцнети, ненаменски и нефункционални
Владата на СДСМ и Зоран Заев не може да се справи и да ја менаџира здравствената и економска криза. Четирите пакет мерки на Владата за справување со економските последици од кризата не го даваат посакуваниот ефект. Мерките се задоцнети, ненаменски и нефункционални.
Компаниите се жалат дека последните месеци едвај успеваат да работат, да ги задржат вработените, со намален капацитет. Неспособноста на Владата на Заев да менаџира остави без работа 40 илјади луѓе од почетокот на кризата до денес поради лошите политики на власта.
Нема капитални инвестиции, нема проекти, нема инвестиции во инфраструктурата.
Наместо нови капитални инвестиции, во изминатиот период две фабрики ја напуштија Македонија. Владата за помалку од еден месец владата раскина два договори за долготраен закуп на градежно земјиште под поволни услови со странски инвеститори преку Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони
Постои не реализацијата на пакетот економски мерки на Владата. Реализацијата на мерките целосно потфрли. Таква мерка беше и викендот без ДДВ кој целосно потфрлил а притоа и Владата нема средства да ги врати парите назад кај граѓаните.
Планирани беа да се потрошат од страна на граѓаните 170 милиони евра, за жал реализирани се само 9 милиони, потфрлање на викендот без ДДВ за цели 19 пати. Од планираниот поврат на ДДВ што требаше да се исплати назад на граѓаните кој изнесувал 17 милиони евра на крајот на денот треба да се вратат 1,1 милион евра. Но и покрај тоа што се планирало да се вратат 17, излегува да се врати само еден милион но и за тие нема пари да се вратат.
Со неспособната власт на СДСМ имаме пад на македонската економија од 4,9 отсто. Јавниот долг се искачи на историски 60,7 проценти од БДП со што се надмина критичната границата според европските критериуми. Земјава должи 6 милијарди 571 милион евра. За само шест месеци од пандемијата, јавниот долг пораснал за над 1 милијарда евра или за 9,3 проценти.
Нема пари во буџетот, СДСМ што и да планира, со какви бројки и да се расфрла за жал ништо од тоа нема да може да реализира.
Ново на Сител
-
Портокалов метео аларм во Шпанија, повторно се очекуваат обилни дождови
-
Протест пред обвинителството во Нови Сад: Граѓаните бараат ослободување на активистите
-
Во Италија вратена и втората група мигранти од кампот Ѓадр во Албанија, но и дел од вработените
-
Муцунски: На седумте амбасадори им завршува мандатот, во моментов течат консултации и наскоро ќе почне процес на именување нови амбасадори
-
Мерц: Избори во февруари e добро решение
-
Дарио Ивановски е спортист на годината, награди и за легендарните Хаџиевски и Радиќ
-
Маж избодел две девојчиња и двајца мажи, случајни минувачи во Урошевац
-
Кина: Возач намерно удри со автомобилот во толпа, загинаа 35 лица