Македонија
4. February 2021 - 11:49

ВМРО-ДПМНЕ: Царовска да покаже разбирање за проблемите на матурантите

Не е точна изјавата на министерката Царовска дека нема друга опција во однос со проблемот со матурата. Опцијата е да ги поддржи измените на законот кој се предложени од страна на ВМРО-ДПМНЕ кои во целост ги содржат барањата на матурантите.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог закон за измени и дополнување на Закон за средно образование. Овој предлог закон е производ на барањата на матурантите, кои беа разгледани на заедничката средба помеѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и матурантите.

Нивните барања, а и предлог законот доставен до Собранието, не се за укинување на матурата, туку за намалување на предметите за полагање на матура оваа учебна година.

Учениците, заради неспособноста на оваа власт, оваа учебна година се соочија со низа на проблеми за одвивање на наставата. Задоцнетото започнување на учебната година, немањето на концепт за онлајн или физичко присуство на наставата, илјадници ученици немаа услови за следење на онлајн настава, се само дел од причините за прифаќање на барањата на матурантите.

Ги повикуваме сите парламентарни партии  во Собранието на Македонија, да ги прифатат предлог измените на Законот за средно образование, бидејќи тие измени се барања на матурантите.

Ја повикуваме министерката да ги прими и сослуша матуранти, и нивните реални барања да бидат прифатени.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ