ВМРО-ДПМНЕ: Бруталното убиство на Вања е пораз за цела држава, оставка на Спасовски
Почитувани,
Бруталното и грозоморно убиство на Вања е пораз за цела држава.
Тоа се случи и поради нефункционирањето на системот, неспособноста на институциите и отсуството на одговорност.
Еден од главно осомничените е во бегство. Истиот тој е и поранешен висок функционер на владејачката СДС, меѓудругото дел од една криминално рекетарска банда која настапува и во јавниот простор за кој е јасно дека е блиска до власта, група која уценува неистомислемици, и која работи само за користољубие.
Спасовски беше презафатен со организирање на самит, додека крволочната банда убива и хара низ Скопје.
Треба Спасовски да одговори едно прашање - Кога истрагата дознала за извршителите? И дали Спасовски и началниците во МВР криеле заради самитот на ОБСЕ?
Нема скандал кој не се случи во овој негов мандат. Се делеа пасоши на криминалци од балканското и европско подземје, се случуваа сомнителни набавки на софтвери и милионски тендери, скандали со прислушукување и нелегално следење на комуникации и злоупотреба на службите за следење, криминалци неказнети кои избркале полицајци од полициска станица во Арачиново, МВР на Спасовски даваше и половина милион евра на транспортната фирма што набавуваше 2 машини за перење од 25.500 во општина чиј градоначалник беше од неговата партија и редица други скандали.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Трет ден „Депонијада“ во Кочани
-
Европската комисија го објави Извештајот за напредокот во интеграциите, владата на Мицкоски ветува реформи
-
Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија
-
ВО ЖИВО: Извештај на ЕУ за Македонија
-
Мицкоски: Не сме ние наивни како Ковачевски и Османи
-
СДСМ бара комисиска седница за новиот директор на АНБ
-
Во тек се консултации за нови членови на Комисијата за помилување
-
Уставен не поведе иницијатива за Законите за Бехтел и Енка