ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Спасовски
Вчера граѓаните повторно беа вознемирени и потресени од мафијашките пресметки кои со МВР на Спасовски станаа се почеста појава.
Среде бел ден, во трговски центар во центарот на Скопје, вооружен напаѓач пука од пиштол и тешко повредува две лица.
Настанот се случува во трговски центар, каде што постојат голем број на камери, како и голем број на минувачи кои биле во непосредна близина на настанот, а напаѓачот се уште не е пронајден и лишен од слобода.
МВР под раководство на Спасовски е до толку неспособно што не може да расчисти настан што се случил во центарот на главниот град, каде што постојат голем број на можности за идентификација и лоцирање.
МВР раководено од Оливер Спасовски доживува целосно фијаско.
Уште пофрапантно е што полицијата предводена од Спасовски не го превенирала настанот, иако неколку дена претходно е најавено убиство на социјалните мрежи на едно од лицата кои се повредени.
Почитувани,
На кое дереџе Оливер Спасовски и СДС го донесоа МВР - на толку многу вработувања и фалење од страна на Спасовски, дојде ред од граѓаните да бараат помош за препознавање на лицето коешто пукало во трговски центар.
Спасовски е целосно неспособен да гарантира јавен ред и мир.
Поради колапсот на безбедносниот систем под раководство на Спасовски, Македонија е тема и во балканските медиуми во одделот „Црна хроника“.
Спасовски мора да си поднесе оставка веднаш!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Едно лице загина, 13 се повредени во напад на руски дрон врз Одеса
-
„Ел Гол Дигитал“: Голем број ѕвезди на Реал се изјаснија за оставка на Анчелоти
-
Голема акција: Запленети 6,2 килограми марихуана, 442 таблети екстази, пиштол, куршуми
-
Палестинскиот претседател подготвен на соработка со Трамп за завршување на војната во Газа
-
МВР: Лишен од слобода криумчар на мигранти
-
Сеизмолошка опсерваторија: Регистриран земјотрес од 2.8 степени по Рихтер
-
Земјотрес со јачина од 2,9 степени регистриран во околината на Ресен
-
Пелоси го обвинува Бајден за поразот на Харис и демократите