ВМРО-ДПМНЕ: Ако распродавањето на државните и национални интереси беше натпревар СДСМ ќе беа шампиони
Ковачевски како премиер успеа да ја понижи Македонија пред меѓународната јавност и да го погази достоинството државата и македонските граѓани.
Наместо да биде тој кој прв ќе ја брани државата, Ковачевски беше првиот кој ги одобри навредите и понижувањата и не ни помисли да реагира поинаку.
Срамот за Македонија, смешен им е само на СДСМ и на Ковачевски. Само тие може да се радуваат кога некој им ја негира државата. И да биде пострашно, дури и од петни жили го бранат негирањето на Македонија, наместо да го осудат.
Само за СДСМ и Ковачевски е нормално Македонија да ја нарекуваат Источна Бугарија, кога баш таа Бугарија поставува услов да прифатиме дека идентитетот, јазикот и историјата до 1944 година биле бугарски, а Македонија дека била вештачка творба.
Штом вака се радуваат на јавни понижувања и негирања на државата, којзнае колку уште попонизно се однесуваат позади затворени врати каде никој не ги гледа. Којзнае што се имаат прифатено и продадено, па не е ни чудо што го скриваат планот со Бугарија.
Нема срам, понижување и пораз за Македонија кој СДСМ не го претстави како победа.
Премногу е! Доста се понижувања, доста е распродавање на државните и национални интереси. Народот на 18-ти јуни јасно и гласно ќе каже доста е за оваа власт на СДСМ и ДУИ, доста е за вакви понижувања какви што ни приреди Ковачевски.
Време е за предвремени парламентарни избори и достоинствена Македонија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
23 Oктомври – Ден на македонската револуционерна борба
-
Се уште се трага по исчезнатиот 60 годишен стружанец
-
Преглед на вестите од светот
-
Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух
-
Тема на денот со Агим Јонуз, политички аналитичар
-
Мицкоски во посета на Австрија
-
Преглед на вестите од светот
-
Со месеци се чека скен на коски