-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ: Aко ценат дека треба да се проверат и сите над два милиони жители ние немаме никаков проблем со тоа
-->
ВМРО-ДПМНЕ до ДИК: Проверете колку сакате граѓани како што сака СДСМ
ВМРО-ДПМНЕ поддржува секаква одлука на ДИК која ќе е донесена во согласност со Уставот, законите и меѓународните стандарди, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ испратено вечерва до медиумите.
Бројот на гласачи кој треба да биде дополнително проверен е само изговор на СДСМ за сите свои досегашни и идни изборни порази. Постапките на СДСМ се малтретирање на целата држава, а во следниот период и малтретирање на граѓаните.
Без разлика дали ДИК ќе одлучи да провери 35.000, 70.000, 100.000, 200.000, 500.000 или сите гласачи, СДСМ ќе ги изгуби следните избори, заради тоа што право на глас во Република Македонија имаат сите нејзини граѓани и тоа не може да им биде одземено.
ВМРО-ДПМНЕ денес соопшти и останува на ставот да даде целосна поддршка за проверка на колку сакаат граѓани, ако ценат дека треба да се проверат и сите над два милиони жители ние немаме никаков проблем со тоа и тоа ќе го поддржиме.
ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи секоја одлука на мнозинството на ДИК, а во насока на транспарентно и темелно проверување на избирачкиот список. Убедени сме, а тоа и се докажува со секоја постапка на СДСМ, дека СДСМ се заплетка себе си и бега од овој процес затоа што знаат дека списокот е чист, а со оваа бланко поддршка на ВМРО-ДПМНЕ на сите предлози на СДСМ за проверка на списокот и бегството на СДСМ е јасно како бел ден дека се било и е, нивна пропаганда и сценарио со две цели и тоа да ги одложат повторно изборите и ако не успеат во тоа Зоран Заев и раководството на СДСМ и сите други да си имаат алиби да си го правдаат убедливиот пораз што ги чека на изборите.
ВМРО-ДПМНЕ со својот максимално конструктивен став за целосна поддршка за проверка на колку што сакаат лица од списокот ги извади на површина стравот на СДСМ од избори и лагите кои со месеци ги шират. Нивното второ напуштање на ДИК и хаосот и паниката кои ги шират таму, а за кои се чудат сите се само дел од претставата која ја спремиле во СДСМ, а заради која малтретираат цела држава и народ, и оваа неодговорност и деструкција и камиказно однесување народот кого го навредуваат ќе го казни на 5-ти јуни.
За да не се стекне погрешен впечаток дека има било какво влијание врз одлуките на ДИК, ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да ги прифати сите можни одлуки што ДИК во поглед на проверката на Избирачкиот список ќе ги донесе. Доколку е неопходно нашите два члена не мора ниту да присуствуваат или да го користат своето право на глас во комисијата по однос на оваа точка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Силен земјотрес регистриран во Чиле
-
Министерство за енергетика: Распределбата на ваучери се одвива според предвидената динамика
-
Американците гуглаат како да заминат од земјата по победата на Трамп
-
Исчезната жена во Скопје, семејството моли за помош
-
Австрија ја прогласи целата земја за ризична област поради појава на птичји грип
-
Ѓердан што сведочи за пропаста на Марија Антоанета оди на надддавање
-
Реформската агенда на владата пред пратениците
-
Мицкоски оптимист по средбата со Макрон