Македонија
26. January 2024 - 12:44

ВМРО-ДПМНЕ: 7 години Спасовски, 7 години мафијашка држава

„7 години Спасовски, 7 години криминал корупција и мафијашка држава се вели во реакцијата на вмро дпмне

7 години редица неразјаснети убиства, пукања во центар на Скопје и нарушена безбедност.

Последниот ден од мандатот Спасовски направи акција која требаше да ја направи пред 7 години. 7 години дозволи разни банди да дивеат по улиците.

МВР наместо сервис на граѓаните стана акутен проблем. Од ефективна служба, Спасовски го сведе МВР да не може да регулира вадење на лични документи, па народ во редици чека на минусни температури.

Спасовски го урниса безбедносниот систем“, се вели во реакцијата на опозицијата.