Македонија
15. November 2023 - 8:58

ВМРО-ДПМНЕ: 5.5 милијарди за криминал и корупција во 2024, затоа СДС одолговлекува избори колку може повеќе

5.5 милијарди за расипништво, криминал и корупција во 2024, затоа СДС одолговлекува избори колку може повеќе.

Ковачевски, СДС и ДУИ за 2024 година проектирале 5.5 милијарди евра за буџет, што е цели 2 милијарди повеќе од буџетот во 2018 година.

Буџетот за 2024 е напумпан, и како и до сега не носи развој, туку криминал и корупција.

Од 2018 година до денес власта потроши 25 милијарди евра низ буџети, и ништо ново не направи. Македонија стагнира на секое поле, нема учебници за учениците, нема лекови за болните, нема покачување на пензиите за пензионерите.

6 години нема еден готов автопат. Кичево - Охрид е во застој, Скопје - Блаце не е ниту почнат.

Каде се трошат милијардите евра од буџетите 6 години по ред?

Очигледно е дека наместо кај граѓаните, парите завршуваат кај криминалците, затоа и власта се обидува да купи ден повеќе власт во 2024 година, за да продолжи со криминалот и корупцијата до последен ден. Потребни се итни промени, за грабежот да запре.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ