ВМРО-ДПМНЕ: 22 починати и 30% од тестираните позитивни на Ковид, што уште треба за Филипче да си даде оставка?
22 починати во текот на вчерашниот ден од Ковид, тоа е директна вина на Комисијата за заштита од заразни болести и Венко Филипче кои преспаа цело лето без ништо да направат со цел да ја подготват државата за есенскиот бран.
Секој ден е нов пик. За една недела имаме над 2000 заболени, а Филипче кој тврдеше дека толку ќе биде бројот на заразени во тек на цела пандемија, не гледа причина да си поднесе оставка.
Венко Филипче го внесува системот во хаос.
Венко Филипче не направи ништо за зголемување на болничките капацитети, иако знаеше дека не очекува есенски бран.
Власта не направи ништо ниту навремено да обезбеди вакцина против сезонски грип, а со тоа ги остави возрасните ј хронично болните на силен удар на грипот во време на пандемија.
Венко Филипче не инвестираше ниту во здравствениот персонал, и со своето лошо менаџирање само допринесува медицинскиот кадар да ја напушта државата.
Граѓаните очекуваат сериозен пристап, а не аматеризам. Одговорност веднаш.
Ново на Сител
-
Кривична против 4 лица поради несовесно работење во службата
-
Кривична за директор и 6 вработени во Центарот за социјални работи
-
ОЈО: Заврши истрагата за Онкологија
-
Фон дер Лајен: Украина може да влезе во ЕУ пред 2030 година
-
52-годишен маж уапсен поради агресивно однесување кон полицајци
-
Кошта: Ги цениме напорите на Трамп, но само Украина решава дали има услови за мировни преговори
-
Шест измами за наводни сообраќајни несреќи во Куманово од почетокот на годинава
-
Кривична за велешанец кој провалил во куќа и украл пари и мобилен телефон