Вмрежување компании од сите региони во Македонија
Во Центарот за развој на претприемачи и менаџери (ЦЕЕД) Македонија денеска ќе се одржат бизнис средби за вмрежување на компании од сите региони во земјата.
Целта на настанот е поврзување на фирмите учесници во Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија и имплементиран од ЦЕЕД.
Претставниците на компаниите на средбите ќе имаат можност да се запознаат едни со други, да ги претстават своите производи и услуги и да разговараат за потенцијални заеднички бизнис соработки.
Пред присутните ќе се обратат Татјана Марковска, менаџер од канцеларијата на УСАИД за економски развој и Анета Дамјановска, координатор на Националната програма, Амбасада на Швајцарија во Република Македонија.
Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кој започна со работа во јули 2011 година, ги поддржува микро и малите бизниси преку тренинг, вмрежување, менторство, консалтинг, поддршка на извозот и пристап до инвестициски фонд. Активностите на Проектот се имплементирани преку ЦЕЕД Македонија, кој е една од институциите во наследство на УСАИД.
Ново на Сител
-
Дали чоколадното млеко е здраво за децата?
-
Го убиле и закопале во близина на неговата куќа, уапсени три лица осомничени за убиство во кривопаланечко
-
Советот на јавни обвинители ја исклучи јавноста од точката за разгледување предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски
-
Реал прв финалист во шпанскиот куп
-
Дембеле за мечот со Данкерк: Останавме фокусирани и покрај водството на противникот
-
УХМР: Зголемен водостостојот на реките
-
Палчо отстранет од судница, Кешишев се плаши да зборува пред него
-
Во Тетово приведен бегалец од затвор