Свет
12. September 2016 - 15:06

Влезот во Шенген зоната набрзо ќе се наплаќа

Со воведувањето на идниот Европски механизам за регистрирање на странски посетители (ЕТИАС), влезот во земјите-членки во Шенген зоната ќе почне да се наплаќа, а тоа ќе донесе од 500 милиони до две милијарди евра годишно.

На иницијатива на Франција и на Германија, Европската комисија се подготвува да воведе механизам за задолжителна регистрација. Предлогот е инспириран од американскиот систем ЕСТА, а тоа ќе се однесува на граѓаните од државите кои не се земји-членки на Европска унија, а не им се потребни визи за влез во Шенген зоната.

Граѓаните на земјите-членки на ЕУ ќе бидат поштедени од плаќање, во согласност со прописот за слободно движење.

Целта на проектот ЕТИАС, според иницијаторите е да се засили безбедноста на ЕУ, но неименувани извори тврдат дека и финансискиот аспект е важен, бидејќи проектот би можел да стане нов извор на приходи за ЕУ.