Македонија
3. April 2024 - 9:40

Влетале со автомобил во маркет во Црниче и украле сеф, при бегање сефот им паднал | ВИДЕО

Како што вчера објави МВР на 01.04.2024 во 03.58 часот во СВР Скопје било пријавено дека во маркет на подрачје на општина Кисела Вода во Скопје три лица извршиле „тешка кражба“, при што одзеле сеф. 

Според видеото објавено на социјалните мрежи, може да се забележи возило и лица кои се обидуваат да го одземат сефот од маркетот. Додека е вклучен алармот, тие успеваат да го стават во багажник, тргнуваат, но по пат поради инерција, сефот паѓа на патот, па се враќаат повторно да го подгинат.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Сител ТВ (@sitel.tv)