Владеачката Републиканска партија победи на изборите во Ерменија
Владеачката ерменска Републиканска партија, на претседателот Серж Саркисјан, победи на денешните парламентарни избори со освоени 46 отсто од гласовите на избирачите, покажаа излезните резултати на Болтик Сервејс/Галуп интернешенел, пренесоа француските медиуми.
Опозициската коалиција „Блок Царукјан“ која беше предводена од еден од најбогатите ерменски бизнисмени, Гагик Царукјан, освои 25 отсто од гласовите.
Ова се првите парламентарни избори по оспорената уставна реформа, со која во Ерменија беше воведен парламентарниот систем.
Изборите беа проследени од набљудувачи од Организацијата за безбедност и соработка во Европа. Тие се важен тест за демократијата во земјата, каде досега опозицијата не дошла на власт со избори, забележуваат француските медиуми.
Излезноста на денешните избори изнесуваше 51 отсто, соопшти Централната изборна комисија.
Вкупно пет партии и четири коалиции се натпреваруваа за 101 мандат во Парламентот.
Ново на Сител
-
Рубио го поддржува планот на Трамп САД да ја преземат контролата над Газа
-
Вучевиќ: Мојата оставка е „незапирлив процес“
-
„Ајфон 15“ најпродаван телефон за 2024 година
-
Приведен 58-годишник од Делчево за предизвикување пожар
-
„Гугл“ веќе не забранува користење ВИ за развој на оружје
-
Грција депортираше 40 државјани на трети земји кои не добиле азил
-
Зеленски: САД заработија милијарди долари од војната во Украина
-
Трамп ќе биде првиот актуелен претседател на САД кој ќе присуствува на Супербол