Владата не се откажува од распуштањето на РСС и Советот на обвинители
Владата не се откажува од идејата за распуштање на Републичкиот судски совет и Советот на обвинители што претставува реформа на овие институции за кои јавно повикавме на расправа и имаат два проценти доверба, информираат денеска од Владата.
-Во државата институциите работат согласно важечките закони и Устав. Сите документи кои произлегуваат задолжително мора да бидат во соодејство на важечките закони и Устав. Владата не се откажува од идејата за распуштање на Републичкиот судски совет и Советот на обвинители што преставува реформа на овие институции за кои јавно повикавме на расправа и ќе потсетиме дека имаат под 2 проценти доверба, брифираат од Владата.
Како што наведуваат оттаму, нивното нераспуштање ќе значи продолжување на агонијата едни послушни кон власта судии и обвинители, по истиот принцип како во минатото да бидат заменети со други. Тоа, потенцираат од Владата, не е нашата цел, ниту заложба.
-Разбираме дека од распуштањето на овие институции има многумина исплашени и загрижени, но доаѓа време на промени и шанса за професионалните и способни кадри, брифираат од Владата.
Ново на Сител
-
Опасност од нови силни врнежи: Жителите на Валенсија повикани да останат во своите домови
-
Новинарка во Скопје добила закани на социјалните мрежи
-
Пријава за сомнение за киднапирање на дете
-
Четворица мртви и 17 повредени во верижен судар во Мичиген
-
Силен земјотрес од 5,2 степени го погоди Халкидики
-
Орбан: Победата на Трамп ќе ја натера Европа да ја преиспита поддршката за Украина
-
Мајка пријавила во полиција обид за грабнување на нејзината тригодишна ќерка
-
Ембер и Зверев во финалето на Мастерсот во Париз