Владата ќе лимитира цени за да се намали трошокот за старт на учебната година
Владата подготвува анализа за да ги намали трошоците на родителите на стартот на учебната година и утре на седница ќе усвои мерка за лимитирање на цените на производите, најави денеска премерот Христијан Мицкоски.
При посетата на ОУ „Стив Наумов“ на првиот училишен ден, Мицкоски рече дека се подготвуваат да го олеснат трошокот на родителите за успешен старт на учебната година со лимитирање на цените на производите кои се најпотребни.
- Правиме анализа на сите трошоци и мислам дека во текот на денов ќе биде готова и утре на седница на Владата ќе излеземе со план за лимитирање на цените на производите кои се неопходни за успешен и порелаксиран старт на учебната година, но и периодот после летото да можеме да го поминеме, изјави Мицкоски.
Детали за новата мерка најави дека ќе бидат соопштени по владината седница на прес-конференција.
Ново на Сител
-
Протести во Струмица поради загаден воздух
-
Бизнисот и унгарскиот кредит
-
Во Охрид засилено се гради
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ