Владата го усвои Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018.
Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година беше усвоен денеска на 56. седница на Владата.
Со него посебен акцент се става на младите невработени лица до 29 години.
Со оперативниот план ќе се создадат услови за создавање нови работни места, поддршка за креирање нови работни места и зголемување на вработливоста на невработените лица.
Со усвојување на Среднорочната програма за работа на Фондот за иновации и технолошки развој за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија за 2018-2020 година, стартуваше имплементација на мерките од третиот столб од Планот за економски раст на Владата.
Среднорочната програма е насочена кон постигнување на целите кои се дефинирани во Стратегијата за иновации на Република Македонија, Планот за економски раст на Владата и Проектот за развој на вештини и иновации.
Ново на Сител
-
ДУИ: Последици и незадоволство по укинување на балансерот
-
Анализа: Зошто булингот бележи тренд на зголемување?
-
Тема на денот со Константин Димитров, енергетичар
-
Алкалоид повторно дел од најреномираниот глобален фармацевтски собир CPHI
-
Прилепската болница е оставена со над 3 милиони евра долг
-
Студентите бараат дигитализација во јавните универзитети
-
Наместо оброк, Министеството за одбрана ќе им исплаќа надомест за храна на војниците
-
РЕК Битола не работи – трите блока надвор од мрежа