Влада: Предлог измените на Законот за рестриктивни мерки едногласно поддржани и доставени до Собранието
Владината прес-служба вечерва соопшти дека на 221-та владина седница одржана на 16 јануари со консензус, едногласно е изразена политичка волја до Собранието да се поднесе Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки, кој ќе биде усогласен со македонското законодавство.
- На посочената владина седница, Владата го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки и донесе одлука Министерството за надворешни работи како предлагач да го усогласи текстот на предлогот на закон со Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за политики на добро владеење, Министерството за правда, Министерството за финансии, Министерството за информатичко општество и администрација, Секретаријатот за законодавство и другите надлежни институции, се наведува во соопштението.
Воедно, информираат дека Владата на Република Северна Македонија ги определила за претставници на Владата во Собранието Бујар Османи, министер за надворешни работи и Фатмире Исаки, заменик на министерот за надворешни работи, а за повереници Филип Тосевски, државен секретар во Министерството за надворешни работи и Наташа Дескоска, помошник директор во Министерството за надворешни работи.
-По усогласувањето со сите наведени институции, пречистениот текст на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки е доставен до Собранието на Република Северна Македонија согласно член 137 од Деловникот на Собранието, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Трамп ќе беше осуден да не победеше на изборите, се наведува во извештај на Министерството за правда до Конгресот
-
Без струја утре дел од општина Ѓорче Петров
-
Андоновски: Откриени се злоупотреби од неколку милиони евра во Фондот за иновации, се надевам дека обвинителството ќе постапува поажурно
-
Во реонот на Лос Анџелес на сила се црвени аларми поради силните ветрови и можното ширење на пожарите
-
Членки на НАТО на барање на Германија го забрзуваат договарањето нови воени цели
-
Со палење на маските и василичарско оро завршува Вевчанскиот карневал
-
Почнува 29. Светско првенство во ракомет
-
По интерпелацијата на Илире Даути, партиите со свои ставови дали треба да остане на таа функција