Вкупно 26 заболени од коронавирусот, тројцата новопотврдени се од Скопје
Со новопотврдените три случаи, во земјава вкупно од коронавирусот се заболени 26 лица. Состојбата на хоспитализираните пациенти е стабилна, вклучително и на жената од Дебар која е приклучена на респиратор, информира попладнево министерот за здравство Венко Филипче.
– Изутрината се тестирани 10 пациенти. Позитивни се тестовите на тројца пациенти кои се тестирале на Клиниката „Жан Митрев“, а нивните резултати се потврдени и на контролното тестирање направено од ИЈЗ. Станува збор за пациенти од Скопје, еден кој имал симптоми една недела и неговите контакти се мапирани и се прават тестови на неговото семејство, како и двјцата сопружници од Скопје кои биле во странство и пред неколку дена се вратиле во земјава. Вчера, член на семејството ги однел материјалите на Клиниката „Жан Митрев“ каде што дале позитивни резлтати, изјави Филипче.
Првиот пациент е на Инфективната клиника, а останатите двајца се дома и во текот на денот ќе бидат префрлени на клиниката.
Во тек се интервјуа со патниците кои биле во авионот со кој патувала пациентката од Скопје кај која вчера беше потврден коронавирусот. Таа стигнала од Холонадија преку Виена ноќта меѓу 12 и 13 март.
Од вкупно досега заболените 26 лица, 17 се во Скопје, а девет во Дебар.
Филипче истакна дека се подготвени капацитетите на Инфективната клиника, а наскоро се очекува да пристигне помош од Кина во маски и респиратори.
Ново на Сител
-
Маж од Свети Николе нападнал малолетник
-
За девет часа над 50 земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос-најсилниот пет степени
-
Мицкоски: Интервенции во минималната кошница и пресметка со објективни параметри
-
Повеќе од 4.000 осудени лица во Холандија се на слобода бидејќи нема места во затворите
-
Лани 1.700 Македонци добиле бугарски пасош
-
Пет лица застрелани во училиште во Шведска
-
Константен пад на бројот на бракови во Германија кај младата популација
-
„Дали знаете колку опожарени возила има на припадници на затворските полицајци?“, синдикатот на затворската полиција со отворено писмо до Пандов