Балкан
27. September 2020 - 9:00

Вкупниот државен долг на Црна Гора – 3,664 милијарди евра или 79,54 БДП

Вкупниот државен долг, без депозити, на 30 јуни годинава изнесувал 3,664 милијарди евра или 79,54 проценти од бруто домашниот производ (БДП), изјавија за Дан од Министерството за финансии на Црна Гора.

Со депозити, вкупниот државен долг е 3,284 милијарди евра или 71,3 проценти од БДП. Во споредба со крајот на март, државниот долг се зголеми за 321 милиони евра.

„Надворешниот долг изнесуваше 3,1 милијарди евра или 67,4 проценти од БДП, додека домашниот долг изнесуваше 559,4 милиони евра или 12,14 проценти од БДП. Депозитите на крајот на вториот квартал од 2020 година изнесуваат 379,62 милиони евра, вклучувајќи 38.477 унци злато (вредноста на златото беше 60,49 милиони евра) или 8,24 проценти од БДП“, соопшти Министерството за финансии.

Владиниот оддел изјави дека склучиле аранжмани за кредит во износ од над 480 милиони евра досега оваа година