Македонија
17. May 2017 - 12:16

Вистинска семејна драма во гостиварското: Свекорот со пиштол ја тепал снаата

Вистинска семејна драма се одвивала во гостиварското село Врапчиште каде свекор ја претепал снаата со пиштол. 
 
Драмата се одвивала вчера попладне кога 25-годишната Е.А. од селото која престојувала кај своите родители со малолетните деца, била претепана од 49-годишниот свекор А.А. кој дошол и започнал расправија, потоа извадил пиштол и со него почнал брутално да ја удира.
 
За кусо време на местото пристигнале полициски службеници на СВР Тетово-Полициска станица Гостивар, А.А. лишен е од слобода, одземен му е пиштолот. Свекорот ќе одговара за делото.