Високи затворски казни за рекорден шверц на дрога во Велика Британија
Двајца турски државјани кои беа обвинети за рекорден шверц на кокаин, во вредност од над 500 милиони фунти, судот во Глазгов ги осуди на вкупно 42 години затвор.
Мумин Сахин (47) е осуден на 22, додека неговиот сорабоник, Емин Озмен (51) на 20 години затвор.
Обајцата беа уапсени во април минатата година, во Северно Море, во реонот на шкотското пристаниште Абердин, кога нивниот брод „Хамал“ беше запрен и претресен.
Во утробата на бродот полицијата пронајде 3,2 тони сокриен кокаин, што е најголемото количество шверцувана дрога откриена и конфискувана во Велика Британија.
Четворица други обвинети Турци, на возраст меѓу 20 и 54 години не беа осудени, затоа што поротата не можеше да се согласи околу нивната вина во случајот.
Две други лица, поврзани за овој процес, претходно беа ослободени.
Турскиот брод, регистриран во Танзанија, пловел од Истанбул преку Тенерифе, до Јужна Америка, од каде се вратил кон Европа, во водите на Северно Море, каде бил и заробен.
Интервенцијата била во меѓународните води, по што „Хамал“ бил одвлечен во пристаништето во Абердин, на источниот шкотски брег.
Целата операција на заробување на дрогата, се одвивала во содејство на полициите и разузнавачките агенции на неколку земји.
Ново на Сител
-
Клековски: Лекови мора да има и ќе има за сите– имаме решение за проблемите во здравството
-
Истрага за две разбојништва извршени од 25-годишник во Скопје
-
ОН бараат Израел да го прекине „незаконското“ присуство на Западниот Брег и Источен Ерусалим во рок од 12 месеци
-
Најмалку тројца загинати, стотици ранети во нови експлозии во Либан
-
Исчезнато 45-годишно лице со здравствени проблеми од скопска Кисела Вода
-
Ограбена спортска обложувалница во Чаир
-
Драчевчанец споделувал експлицитни содржини од неговата малолетна девојка
-
Малолетник нападнат од повеќе лица во средно училиште во Бутел