Викторија Нуланд доаѓа во Приштина за Специјалниот суд
Помошникот државен секретар на САД, Викторија Нуланд на 12 и 13 јули ќе престојува во Приштина.
Посетата на Нуланд, како што оценува косовската телевизија е дел од пресијата на странците за формирање на Специјалниот суд за воени злосторства од страна на косовскиот парламент.
Високата гостинка ќе се сретне со претседателката на Косово, Атифете Јахјага, со премиерот Иса Мустафа и со вицепремиерот и шеф на дипломатијата Хашим Тачи.
- Нејзината посета ќе биде одлучувачка за да се убедат неубедените од Демократската партија да се отвори патот за формирање на Специјалниот суд, наведува телевизијата, алудирајќи на дел од пратениците на партијата на Тачи кои гласаа против формирање на Судот.
Како што дознава косовската телевизија владата можеби ќе се обиде во петок да помине ова прашање, но најголеми изгледи за такво нешто се очекуваат, наредната недела, по посетата на Нуланд на Приштина.
Ново на Сител
-
Најштетната храна за бебиња
-
„Ферари" сè попопуларен меѓу купувачите помлади од 40 години
-
Научници од Источна Азија ги усовршуваат киборг-лебарките
-
„Борд панда“: Дубаи е најдосадниот град
-
Совети за правилно чистење на бебешките очи
-
Приведени три лица за кражба во неготинска фирма, меѓу нив малолетник
-
Искушенија околу слабеењето и како да се избегнат?
-
До недела променливо облачно со повремен дожд