-->
-->
Викиликс објави говори на Хилари Клинтон на Вол Стрит
-->
Викиликс објави нова серија мејлови на кандидатот на демократите на изборите за претседател на САД, Хилари Клинтон, која опфаќаат делови од нејзини говори на Вол Стрит.
Клинтон наводно изјавила дека е потребно да се има „јавен и приватен став“ за одредени прашања, а исто така го критикувала и изборниот систем, кој бара од кандидадите да соберат огромни суми пари за кампањата.
Во еден од објавените делови од говор, Клинтон им кажала на банкарите дека имаат најдобра позиција за да помогнат во реформите на американскиот финансиски сектор и нагласила дека ја поддржува слободната трговија и отворените граници.
Мејловите се дел од стотина пораки, кои Викиликс ги објави од хакираниот компјутер на шефот на избориот штаб на Клинтон, Џона Подесте.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Променливо време со дожд и во наредните денови
-
Претрес во Кочани, пронајден пиштол, приведен насилник
-
Македонија се задолжува 50 милиони евра
-
Џафери: Арсовска да ја искоси тревата во дворот на Владата
-
Џафери за бојкотот на претседателските избори: Груби не е влада, ниту партија
-
Зеленски и ја честита победата на Сиљановска-Давкова
-
Сплит: Вработена му помогнала на муштерија да хакира машина за игри на среќа
-
Повлечени 104.000 пакувања леб во Јапонија откако во две биле пронајдени траги од глувци