-->
-->
Викендов завршница на МТП Опен
-->
На терените на тенискиот клуб МТП денеска ќе играат полуфиналните мечеви во сингл, додека утре е планирано финалето. Но, најпрвин четвртиот полуфиналист ќе биде познат по дуелот меѓу Томислав Јотовски и Стефан Чаловски што ќе почне во 9 часот. Јотовски вчера попладне се врати од Италија каде имаше настап на фјучрс турнир во меч од 2.коло го победи Елдин Хусеиновиќ со 6:2 и 6:2 во гемови.
Стефан Мицов се пласира во полуфиналето откако Бесир Дургути го предаде мечот при резултат 6:3 и 2:2 во вториот сет за Мицов. Димитар Грабул на Иван Манасов му препушти само три гема (6:1 и 6:2), додека актуелниот шампион Горазд Србљак беше подобар од Ѓорѓи Јанкуловски со 6:2 и 6:0 во гемови.
Утре од 11 часот се предвидени и полуфиналните мечеви, а попладне ќе се играат мечевите во конкуренција на двојки.
Покрај мечевите на главниот турнир утре во текот на денот на терените на МТП ќе биде организиран и „црвен турнир“ за тенисери и тенисерки до 7 годишна возраст од Македонија и од Србија. Покрај мечевите најдобрите македонски тенисери другаруваа и ги подучуваа и малите тенисери
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МВР: Лични документи може да се подигнат и утре
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Истрага за недозволено држење оружје
-
Обид за кражба во простории на Општина Чаир каде се чувал изборен материјал
-
ДИК: Двојните избори утре ќе ги следат 1303 домашни и 860 странски набљудувачи, како и 83 странски новинари
-
Во општина Маврово-Ростуше гласаат 68 болни и изнемоштени лица
-
Малолетник прегазен во Велес, пренесен во скопските Клиники
-
Македонските државјани во Србија гласаат на вториот круг од претседателските избори во Македонската амбасада во Белгрaд