Викендов 30 сообраќајки во Скопје, 15 лица завршија во болница
Во текот на изминатите денови (9, 10, и 11.02.2018 година), на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле 30 сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, 15 со телесни повреди и 16 со материјална штета.
При сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди додека 24 со лесни телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 79 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, 43 возачи се исклучени од сообраќајот бидејќи 35-мина од нив управувале возило без да се стекнат со право за управување на моторно возило, а осумина управувале возилото под дејство на алкохол . Исто така 40 возила се исклучени од сообраќај: седум биле технички неисправни, додека кај 33 возила била истечена важност на сообраќајната дозвола. Единаесет возачи се санкционирани бидејќи ја поминале крстосницата на црвено светло, а двајца заради неправилно престројување. Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак кој поминал коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатите денови исто така издадени се 218 мандатни платни налози, додека 166 возила се подигнати со „ пајак“.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза