Викендот без ДДВ на 10, 11 и 12 октомври
Продолжениот викенд за 11 октомври ќе биде викендот без ДДВ за сите граѓани, најавува премиерот Зоран Заев.
-Конечно, продолжениот викенд 10, 11 и 12 октомври ќе биде викенд без ДДВ за сите граѓани, мерка што ја најавивме пред некое време, а со овој пакет истата ќе се реализира, па граѓаните низ три неработни денови ќе можат да ја реализраат својата потрошувачка, по пониски цени, вели премиерот Заев во интервју за Локално.
За четвртиот пакет мерки што се претставува неделава истакнува дека во следните три месеци ќе се обезбедат директна помош и поддршка за работниците и за стопанството.
-Нема да застанеме на ова, туку ќе продолжиме уште повеќе да помагаме на работници и компаниите. Оваа недела го претставуваме четвртиот пакет антикризни мерки кои во следните три месеци ќе обезбедат директна помош и поддршка за работниците и за стопанството. Ги опфаќаме најсиромашните граѓани, за да ја зголемиме нивната потрошувачката моќ, но и поддршката за компаниите, за да даваат плати и да ги задржат работниците. Помошта за платите во најпогодените сектори и за зачувување на работни места ќе продолжи. Дополнително, ќе има стимулативни мерки за враќање отпуштени работници во време на кризата, истакнува премиерот.
Тој додава дека платежни картички ќе добијат пензионерите со пензии под 15.000 денари, пасивните баратели на работа, самохраните родители. Паралелно со ова, следува засилено финансирање на капиталните инвестиции во чија реализација ќе бидат ангажирани домашните компании.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра