-->
-->
Викенд проекции на документарци од фестивалот „МакеДокс“
-->
Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе организира „МакеДокс Кино-викенд(и)“ за да и овозможи на македонската публика повторно да погледне некои од документарните филмови кои беа дел од фестивалската програма.
Првиот „МакеДокс Кино викенд“ ќе се одржи во петок и сабота, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар. Утревечер од 20 часот ќе биде прикажан филмот „Секојдневен бунт“, а од 22 часот „Секс за шуми“.
На 5 март (сабота) „МакеДокс“ ќе прикаже документарци номинирани за Оскар: „Доаѓаме како пријатели“ на режисерот Хјуберт Саупер (од 20 часот) и „Погледот на тишината“ во режија на Џошуа Опенхајмер (од 22 часот).
- Со оглед на тоа што живееме во реалност која станува пофиктивна и од самите играни филмови, документарниот филм станува сѐ поинтересен за љубителите на филмската уметност, соопшти „МакеДокс“ за причината да организира проекции во викендите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
ДЗР: Политичките партии под лупа, извештаите за трошење мора да се донесат на време
-
Градежниците - Најдефицитарен кадар во земјава, недостигот се увезува од странство
-
Собранието им го отвори патот на Николов и Ѓурчевски за амбасадори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
Преглед на вестите од светот
-
50 години и шест месеци затвор за нарко-кланот Грчец
-
Прва затворска казна за убиство на куче во Македонија