Виенски „Курир“: Вехабии купуваат голем број имоти во БиХ
Во БиХ постои страв од нова „Курир“војна, објави виенски Курир, наведувајќи дека на досегашните страни им се придружува уште една - арапски вехабии.
Весникот додава дека на Бошњаците, Хрватите и Србите им се придружиле во судирот и арапските вехабии кои купуваат моментно голем број недвижности, градат цели градови и во меѓувреме се најголеми работодавачи во државата.
Вехабиите од своите вработени очекуваат ригорозно придржување до верските обичаи и екстремни правила на облекување. Досега меѓу 2,5 милиони умерени босански муслимани, радикалните од нив немаа важна улога, нагласува весникот. Според МВР на БиХ, проценките се дека бројот на вехабии не е повеќе од 5.000.
Според весникот, сега тоа може брзо да се промени.
Само во Трново, град кој се гради за туристи, инвеститор од Еммиратите најавил вработување на 10.000 работници што значи дека само тој проект ќе го зголеми тројно бројот на босански вехабии.
Со големи маки потсетува весникот, Бошњаците изминативе години успеале да се решат од борци блиски на Ал Каеда кои во време на војната дошле во државата.
- Сега со милијардерите што доаѓаат тоа ќе биде потешко. Бошњаците стравуваат од економско присилно мисионерство, пренесува весникот.
Вехабизмот е плодно тло за исламски тероризам, а ограноци во врски со ИД има во Горња Маоча, Зеница, Бихаќ и Брчко, додава весникот кој тврди дека силите за безбедност биле исклучително ефикасни досега против нив.
Весникот пренесува и изјава на претседателот на РС Милорад Додик дека постои таен арапски план според кој е предвидено населување на 500.000 вехабии.
Но, и помалку пристрасни политичари како што е шефот на австриската дипломатија предупредија на опасност од исламистички тенденции, укажува Курир. Весникот потсетува дека Курц споменувајќи ги тие исламистички тенденции во БиХ зборувал во врска со влијанието на Саудиска Арабија.
Ново на Сител
-
Хоспитализираниот тренер на Унгарија е во добра состојба, откако му се слоши на мечот со Холандија
-
Руската опозиција во Берлин ги организира првите антивоени демонстрации во странство
-
Мицкоски:Изразена волја од двете страни за доближување на ставовите во однос на каматата за унгарскиот заем
-
Почна шестчасовен протест во Нови Сад за трагедијата на железничката станица
-
Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина
-
Приведен крадец на електричен тротинет во Скопје, одземеното е вратено на сопственикот
-
Костадиновски: 33 години од донесување на првиот Устав, овој ден нека е потсетник на обврската да се сочува системот на вредности
-
Двајца жители на Чашка приведени од полицијата поради напад врз полициски службеници