Виенчани масовно се пријавувале за сопственици на 130.000 евра од Дунавскиот канал
Виенската полиција добива голема „помош“ во обидите да го утврди сопственикот на 130.000-те евра (над 142.000 долари), што беа извадени од Дунавскиот канал, ракавец на реката Дунав во Виена, пренесе ДПА.
Властите денеска информираа дека се преземаат активности против луѓето кои поднеле лажни пријави за парите.
Десетици граѓани изјавиле дека ги загубиле парите, посочи полицискиот портпарол. Некои од претендените на парите тоа очигледно го сториле од шега, но другите сториле сериозна измама. Во моментов обвинителството ги истражува овие луѓе.
Веќе една недела Виена е полудена, откако случајни минувачи забележале банкноти од 500 и од 100 евра како плутаат во Новиот Дунавски канал, што паралелно со реката Дунав минува низ централниот реон на Виена. Веднаш била алармирана полицијата и намокрените банкноти, во вкупна вредност од 130.000 евра, биле извадени од водата.
Полицијата не сакаше да ја потврди информацијата соопштена во повеќе медиуми дека возрасен маж, кој страдал од деменција, во каналот истурил торба полна со пари.
Ново на Сител
-
Експерти: Лидерската е вовед во политички дијалог, но без големи очекувања
-
Teма на денот со Ивон Величковски
-
Мицкоски и Филипче на чекор до лидерска средба
-
Мицкоски: Милошоски и Филков имале само лош ден што треба да заврши
-
Негативно мислење за разрешувањето на обвинителот Коцевски
-
Дали повисоки казни ќе спречат трагедии како Кочани?
-
Клиниката за физикална медицина се подготвува да ги прими првите пациенти од пожарот во Кочани за рехабилитација
-
На чекор сме до генерален штрајк во цела држава, предупреди ССМ на протестот за повисоки плати