-->
-->
(ВИДЕО) Нов дебакл на Вардар во Лига Европа
-->
Македонскиот првак Вардар претрпе уште еден убелив пораз во групната фаза во Лига Европа.
Вардарци вечерва на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје, се поразени убедливо од Реал Сосиедад со 6:0.
Целата работа околу победникот на мечот шпанците ја завршија уште во првиот дел кој го добија со 3:0.
Четири од шестте голови за Сосиедад ги постигна Вилиан Жозе (34.минута, 42, 55 и 59), откако Микел Ојарзабал во 12.минута беше стрелец на првиот гол, а последниот го постигна Де ла Беља (90).
Црвено-црните имаа две големи шанси за погодок при водство на гостите од 0:1, но ударите на Велковски во 28-та и Барсегјан не ја погодија целта.
Потсеување дека вардарци во 1.коло исто така на домашен терен загубија од Зенит со 0:5, а беа совладани и на гостувањето кај Розенборг со 3:1.
Во вториот меч од Л група, Зенит Санкт Петербург го победи Розенборг со 2:0 .
На табелата води руската екипа со максимални 9 бодови пред Реал Сосиедад кој сега има 6, по што следува Розенборг со 3 и Вардар без освоен бод..
Во следното коло закажано за 2 ноември ќе се сретнат истите ривали, но тогаш Вардар ќе гостува во Сан Себастијан.
- Розенборг (19)
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Холандски центри за изгореници нудат помош за жртвите од пожарот во Кочани
-
Девет повредени во пожарот во Кочани примени во Ургентен центар во Белград и тројца на ВМА
-
Прегазена девојка на пешачки премин кај „Дајмонд“
-
Клековски: Згрижени над 140 повредени во дискотеката во Кочани, 44 се пренесени во болници во странство
-
ЈО: Во тек се рочишта за определување притвори за случајот со пожарот во Кочани
-
Седумдневна жалост за жртвите од трагичната несреќа во Кочани
-
Ребека: Да се молиме за Панчо ДНК, на апарати е!
-
„Пирогов“: Сите пациенти од Кочани, освен едно дете, се во тешка состојба