-->
-->
(ВИДЕО) Харден го предводеше Хјустон во победата над Кливленд
-->
Џејмс Харден беше нерешива енигма за кошаркарите на Кливленд во синоќеното дерби на НБА лигата, кое тимот на Хјустон го доби со 117-113.
Харден средбата ја заврши со „трипл-дабл“ учинок од 35 поени, 11 скока и 13 асистенции, а имаше ипет украдени топки. Ова е вториот „трипл-дабл“ улинок сезонава за популарната „Брада“.
Голема помош Харден имаше од Капела кој пак оствари „даб-дабл“ со 19 поени и 13 скока. Во редовите на вицепрвакот очекувано најдобар беше Леброн Џејмс со 33 поени, 4 скока и 7 асистенции, но и 9 загубени топки.
За Хјустон ова беше деветта победа сезона, со која се проби на второто место на табелата во Западната конференција, додека Кливленд го претрпе седмиот пораз по кој е во долниот дел на табелата во Истокот.
Пораз ноќеска доживеа и Оклахома и тоа на гостувањето кај Денвер со 102-94. Шестмина играчи кај домаќините имаа постигнато двоцифрен број на поени, а најмногу 21 Емануел Мудије, додека нова забелеќителна партија имаше и Никола Јокиќ со 15 поени и 11 скокови. Кај гостите, а воедно и на натпреварот, најефикасен беше Кармело Ентони со 28 поени, додека Пол Џорџ и Расел Вестбрук придодадоа по 13, но тоа не беше доволно „Тандерси“ да го избегнат четвртиот пораз во низа, вкупно седми сезонава.
Успешната ноќ за домашните тимови ја надополнија, Вашингтон со победата над ЛА Лејкерс со 111:95, Торонто кој го совлада Њу Орлеанс со 122:118 и Сакраменто кој минимално со 109-108 беше подобар од Филаделфија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Успешно родени 33 жаби-младенчиња од загрозен вид во Лондон
-
Приведено лице од кочанско за предизвикување пожар
-
Турција ќе прифати 15 Палестинци ослободени од израелските затвори
-
Утре без вода Нерези и Тафталиџе
-
Трамп сака украински минерали во замена за континуирана помош
-
Јануари 2025 просечно топол месец и многу сув
-
Го фатиле како продава половина грам кокаин за 2500 денари, при претрес му пронашле уште 17 грама
-
Почувствуван земјотрес во Штип и околината