Видал: Бабунски сам си „пресуди“?!
Македонскиот интернационалец Давид Бабунски иако важеше за голем талент на Барселона сепак на изненадување на многумина доби отказно решение заедно со уште 4-мина членови на Б-тимот. И додека младиот македонски репрезентативец бара нов клуб каде би ја надоградувал формата еден од неговите соиграчи ја откри тајната за каталонското радио „РАЦ 1“ зошто Бабунски, Калвет, Ондоа, Грималдо, Енгене и Бањак, нема да останат дел од тимот на Барселона.
– Тоа што клубот се одлучи на ваквов потег значи дека ова се прави за да се подобри тимот и младинскиот погон на Барса. Да бев јас на нивно место, убеден сум дека немаше да ја испуштам шансата да тренирам во тим каков што е Барселона. Ова значи дека овие фудбалери не вложиле доволно труд колку што требале да вложат и сега се приморани да си бараат решение за своите кариери. Требаше да бидат свесни дека не смее да се испушти шанса да трениратe во Барселона во годините кои тие ги имаа, – изјавил Видал кој интересно своето деби за првиот тим на Луис Енрике го имаше пред една недела.
Ново на Сител
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
-
91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом