Вицепремиерот Маричиќ му посака добредојде на шпанскиот премиер Педро Санчез Перез-Кастехон
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, го пречека претседателот на Владата на Кралството Шпанија, Педро Санчез Перез-Кастехон на Меѓународниот аеродром Скопје.
Како што се наведува во соопштението од Кабинетот, вицепремиерот Маричиќ му посака добредојде на шпанскиот премиер, Педро Санчез, и изрази големо задоволство од неговата посета, која е уште една потврда дека нашата земја има вистински пријатели во Европската Унија.
– После историскиот чекор кој го направивме кон ЕУ и отворањето на преговорите, нашиот традиционален и верен пријател на европскиот пат, претседателот на Владата на Кралството Шпанија, Н.Е. г. Педро Санчез Перез-Кастехон, пристигна во Скопје, со што уште еднаш се потврдува позицијата и заложбата на Кралството Шпанија за интеграција на регионот во Унијата, напиша вицепремиерот Маричиќ на својот Фејсбук профил.
Домаќин на шпанскиот премиер Санчез ќе биде претседателот на Владата на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, а организирана е и свечена церемонија на пречек пред платото на Владата, со највисоки државни и воени почести, по што ќе следи тет-а-тет средба на премиерите, како и пленарна средба на делегациите на двете земји.
Посетата на Северна Македонија е дел од турнеја на Санчез низ земјите од Западен Балкан, што ги вклучува и Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија
Ново на Сител
-
Трамп: Водам сериозни разговори со Путин за завршување на војната
-
Еурофарм Пелистер надмоќен во дербито со Алкалоид, победа со плус 13
-
Кривична против 4 лица поради несовесно работење во службата
-
Кривична за директор и 6 вработени во Центарот за социјални работи
-
ОЈО: Заврши истрагата за Онкологија
-
Фон дер Лајен: Украина може да влезе во ЕУ пред 2030 година
-
52-годишен маж уапсен поради агресивно однесување кон полицајци
-
Кошта: Ги цениме напорите на Трамп, но само Украина решава дали има услови за мировни преговори