Вицепремиерот Анѓушев во посета на компаниите Баумер и Комфи Ангел
Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев денеска, заедно со директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Александар Младеновски ќе извршат увид во градежните работи на производствениот погон на компанијата Баумер во ТИРЗ Скопје 1 (Бунарџик).
Како што соопштија од кабинетот на вицепремиерот, предвидено е во административната зграда во ТИРЗ Скопје 1 да биде потпишан и договор за државна помош со компанијата Баумер.
Вицепремиерот Анѓушев ќе реализира и работна посета на компанијата Комфи Ангел во Прилеп, каде ќе реализира куса средба со менаџментот на фирмата, по што заедно ќе извршат обиколка на производствениот погон.
Вво Прилеп, вицепремиерот за економски прашања ќе присуствува и на седница на Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Прилеп, каде ќе оствари средба со стопанственици од градот и пелагонискиот регион.
Ново на Сител
-
Борко Ристовски најави драконски казни за Кожув и Башкими
-
Врховниот суд на САД ја одобри забраната на Трамп за трансродови лица во војската
-
Индија го нападна Пакистан
-
Одбележување на Денот на македонската полиција
-
ФФМ за скандалот во Гевгелија: Овој срам нема да остане неказнет
-
Мерц побара од администрацијата на Трамп да се држи понастрана од германската политика
-
Делови од Центар, Кисела Вода и Карпош денеска без струја
-
Денеска почнува конклавата за избор на нов папа