-->
-->
Ви здосади од компири, месо? - овој ручек е фантазија
-->
Ако се мислите што да подготвите за ручек и ако ви здосади од компири, месо, тестенини или пити, тогаш имаме решение за вас. Од карфиол и шунка може да се направи брз и многу вкусен ручек. Патем и еден совет, карфиолот никогаш не треба да го држите на светлина и сонце зошто брзо го губи вкусот.
СОСТОЈКИ:
1 карфиол
150 гр шунка
100 гр кашкавал
180 гр кисела павлака
сол
Карфиолот се мие убаво, па се кине на помали делови. Се обарува во посолена вода околу десетина минути. Важно е водата добро да ја посолите, бидејќи од тоа зависи дали карфиолот потоа ќе биде вкусен.
Ставете малку путер во сад да се пропржи со шунката, па на крај додајте ја и киселата павлака.
Ставете го карфиолот во огноотпорен сад, ставете врз него од шунката, па од кашкавалот, и повторете ја постапката додека имате фил.
Печете во рерна на 200 степени неколку минути додека не се растопи кашкавалот.
Пријатно јадење!
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СПМ: Ковачевски, Фатмир Битиќи и Бојан Маричиќ за грешките мора да си одат и да одговараат
-
Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница
-
ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај
-
Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, нови 27 случаи
-
Продолжува кампањата за претседателски и парламентарни избори на 8 мај
-
Свечена промоција на нови полициски службеници во Идризово
-
Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување
-
Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО