Вешто се криеше: Откриено кој е „Големиот брат“!
Иако продукцијата ја менува бојата на гласот на Големиот брат и тој звучи како робот за да не го препознае никој, конечно е откриено кој е гласот кој секојдневно го слушавме во регионалното шоу „ Големиот брат“.
Станува збор за Борис Триван (37), блогер од Зрењенин, кој го знаат под псевдонимот Покојна Милева.
- Нема да ве прашам како ме откривте, секоја чест. Меѓутоа, поради договорот кој ме врзува не смеам ништо да кажам за ангажманот во шоуто, изјавил Борис за 24sata.hr.
Додава дека за три месеци колку што трае шоуто, добро се забавувал, но едвај го дочекал неговиот крај бидејќи улогата на Големиот брат е многу напорна.
Борис ги повикуваше станарите во исповедалница и разговараше со нив. Им делеше задачи ги казнуваше ако не ја исплнат добро задачата и ги тешеше кога им беше најтешко. Ја смируваше Зорица кога плачеше бидејќи и недостасуваше семејството. Му помагаше на Ервин за да и се додвори на Барбара и многу други работи...
Ново на Сител
-
НБРМ со надолна корекција на растот на македонската економија
-
Петто 4х4 рели во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Лилјана Поповска
-
Гордана Силјановска Давкова положи заклетва во Парламентот и ја презеде функцијата претседател
-
Гордана Силјановска Давкова положи заклетва во Парламентот и ја презеде функцијата претседател
-
Ни Северна, ниту Република: Силјановска се заколна во Македонија - стигнаа реакциите
-
Борисов: Мицкоски ми е добар пријател, го повикувам да престане да зборува, изборите поминаа