Верстапен: Хамилтон е еден од најдобрите, но не и бог
Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен верува дека може да се бори за трофејот со шесткратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон од почетокот на сезоната.
Во Ф1, многу зависи од болидот и од тоа дали сте под притисок. Ако нема психолошки притисок, тогаш можете да покажете 97-98 проценти од своите можности, да избегнувате грешки или да поминете само еден лош викенд од 21-22 етапи. Дури и ако сме на оддалеченост од две десеттини, можете да создадете напнатост. Но, секако, би сакал да се борам под еднакви услови од самиот почеток. Луис е многу добар и се разбира, е еден од најдобрите пилоти, но тој не е бог. Можеби Господ му помага, но тој не тоа, изјави Верстапен.
Холанѓанецот е охрабрен по минатата сезона која беше успешна за Ред Бул.
– Минатата сезона се покажа како добра за нас, особено ако се земе предвид дека беше година во транзиција. Сè изгледа ветувачки. Ајде да видиме како минуваат тестовите, ги очекувам. Сите се нетрпеливи и многу мотивирани. Мислам дека ќе бидеме многу брзи. Тимот тестираше некои работи за оваа година, одиме во вистинската насока. Треба да напредуваме поактивно од Мерцедес и Ферари, и сето тоа зависи од нас. Потребно е да се покаже брзина уште од првата трка, посочи Холанѓанецот.
Ново на Сител
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива
-
Каде ќе завршат гласовите за Османи и Таравари во вториот круг - одлука ќе се носи во следните денови
-
Парламентарни избори