Верижен судар кај Куманово, четири лица повредени, сообраќајот блокиран
Верижен судар кај Куманово, четири лица повредени.
- На 04.08.2018 година во 17,30 часот на регионалниот пат Куманово-Скопје во с.Љубодраг, се случила сообраќајна незгода помеѓу четири возила: патничко моторно возило „Голф“ со кумановски регистерски таблици, управувано од А.Н. (42) од Куманово, патничко моторно возило „Југо“ со скопски регистерски таблици, управувано од Б.Р.(70) од Скопје, патничко моторно возило „Голф“ со кумановски регистерски таблици, управувано од С.П.(58) од с.Умин Дол-кумановско и патничко моторно возило “Голф“ со странски регистерски таблици, управувано од Ј.Џ.(30) од с.Арачиново-скопско. По незгодата со возило на Итна медицинска помош во Клиничката болница во Куманово биле пренесени сопатник од патничко моторно возило “Голф“ К.Н. и сопатник од патничко моторно возило “Југо“ С.Р. и од страна на лекар кај К.Н. констатирани биле тешки телесни повреди, а кај С.Р. констатирани биле телесни повреди. За укажување на лекарска помош се јавиле и возачот А.Н. и уште двајца сопатници во истото возило, како и возачот Б.Р. и кај истите од страна на лекар биле констатирани телесни повреди, стои во соопштението на МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот од страна на СВР-Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
ЦУК: Три пожари на отворено, во нива пронајдена граната
-
Повредени две лица во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани
-
Извршен увид по пукањето на булеварот „Никола Карев“
-
Напиток од портокал, ѓумбир и морков за младешка кожа
-
ПМФЛ: Вардар го зачува прволигашкиот статус
-
Еден загинат, а двајца ранети во пукањето на „Пластичарска“
-
Повеќе од една недела не работат хируршките сали на Клинички, Демири ќе одржи прес-конференција
-
ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт