Македонија
25. January 2024 - 20:52

Вербален напад врз новинарка од МИА

Синдикатот на Медиумските Информативни Агенции (СМИА) остро ја осудува вербалната навреда кон новинарката на МИА која денеска ѝ била упатена по објавата на пресудата за предметот Ласкарци.

Нападите и заканите кон новинарите претставуваат директен напад врз демократијата и слободата на говорот во едно општество. 

Денеска токму во куќата на правораздавањето  вербално беше нападната нашата новинарка која ја остваруваше нејзината професионална должност, а тоа е информирање на јавноста.

СМИА апелира и бара од институциите да се санкционираат напаѓачите содветно законот за медиуми каде нападите врз новинарите се напад врз службено лице.