Поради фотографиите со Роналдо и Рамос на Северина и се заканува апсење
Северина Којиќ наводно не се појавила на неколку закажани судски рочишта во Загреб со својот бивши партнер Милан Поповиќ поради што е издаден налог за нејзино апсење.
Имено, хрватската пејачка и нејзиниот сопруг Игор Којиќ требало да се појават во Општинскиот граѓански суд во Загреб на судењето со таткото на детето на Северина, Милан Поповиќ, по повод забраната да објавуваат фотографии од малолетниот Александар на социјалните мрежи, но сопружниците го избегнале рочиштето.
Најдобриот пријател и менаџер на пејачката, Томислав Петровиќ, во изјавата за „Свет“ вели дека неговата штитеница никој нема да ја уапси:
-Тоа се глупости. Не постои налог за приведување, ниту е возможно такво нешто во Хрватска при парнична постапка.
Милан Поповиќ вчера му доставил на судот нови фотографии од неговиот син Александар, кои Северина изминативе неколку дена ги објавила на својот инстаграм-профил.
Имено да потсетиме дека Северина фотографиите од својот син ги објавуваше додека беше на посета на Реал Мадрид и фудбалерите Роналдо, Рамос, Лука Модриќ и другите, погледнете:
Ново на Сител
-
674 сообраќајни прекршоци во текот на вчерашниот ден на територија на цела држава
-
Вработен во УЈП му дојавувал на менаџер на казино кога ќе има контрола
-
ЕУ предвидува исклучоци од најавените заштитни мерки за увозот на челик
-
Црвен крст: Исплатена помош на 58 семејства на починатите и на 99 на повредените лица во пожарот во Кочани
-
„Фич“: Кредибилните и конзистентни политики ја поддржуваат стабилноста на денарот и кредитниот рејтинг на земјата
-
УСС УКИМ апелира за подобрување на безбедноста во студентските домови и објектите на универзитетот
-
Престрогото родителство ѝ штети на младата личност во развој
-
Видевски не се сеќава каде го однел својот пиштол и ги негира наводите за убиствата на Вања и Панче