Венс: Најдобра гаранција за безбедноста на Украина е економска соработка со САД
Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека најдобрата гаранција за безбедноста на Украина е да се дадат на САД економски можности, пренесе телевизијата „Фокс њуз“.
– Ако сакате вистински безбедносни гаранции, ако навистина сакате да гарантирате дека Владимир Путин нема повторно да ја нападне Украина, најдобрата гаранција за безбедност е да им дадете на Американците економски можности во иднината на Украина, изјави Венс.
Тој додаде дека тоа е „многу подобра гаранција за безбедност“ од, како што рече, „испраќање 20,000 војници од некоја случајна држава која нема воено искуство во последните 30 или 40 години“.
Според Венс, склучувањето договор за ретките метали на Украина ќе овозможи САД да си вратат дел од инвестираните средства и ќе покаже дека Вашингтон има долгорочен економски интерес во земјата.
Тој нагласи и дека, доколку украинскиот претседател Володимир Зеленски е подготвен за мировни преговори, вратата на американскиот претседател Доналд Трамп е отворена.
Ново на Сител
-
Хаос во српското Собрание - повредени неколку пратеници
-
Паузирана американската воена помош за Украина
-
Средба Мицкоски - Орбан во Будимпешта
-
Османи: Албанците нема да дозволат да се одржат локални избори
-
До локалните избори половина година – партиите веќе на терен
-
Работодавачите не прифаќаат минимална плата од 30 илјади денари
-
15.000 жалби за превисоки сметки за струја: За в четврток најавен протест на жителите на Сингелиќ и Арачиново
-
Одложено судењето за сообраќајката во која загина Теодора Ристовска, обвинетиот бил во болница