Венецуела го повлекува највисокиот дипломатски претставник во САД
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро соопшти дека ќе отповикува највисокиот венецуелски дипломат во САД како знак на протест поради одлука на Вашингтон да обнови указ со кој се воведуваат санкции за неколку високи венецуелски претставници.
САД и Венецуела не размениле амбсадори од 2010 година. Актуелниот вршител на должност амбасадор на Венецуела во Вашингтон е Максимилиен Санчез Арвелаис.
– Не прифаќаме агресии и казни, изјави Мадуро во телевизиско обраќање.
Во март 2015 година претседателот на САД Барак Обама воведе санкции за седум венецуелски претставници обвинети за непочитување на човекови права и корупција. Обама вчера испратил писмо до двата дома на Конгресот во кое вели дека санкциите ќе бидат продолжени бидејќи ситуацијата во Венецуела не е подобрена.
Ново на Сител
-
Дел од туристите пребирливи во своите барања на одмор
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори