Венеција понуди работа и престој за 150.000 евра годишно
Можеби едно од најпопуларните туристички места во Италија, Венеција понуди можност за заработка и престој во градот за плата од 150.000 евра годишно.
Градот, имено, бара веслачи на гондоли кои ќе ги водат туристите низ каналите. Кандидатите треба да имаат 18 години или повеќе, да имаат одредено училишно образование и да знаат да пливаат. Тие ќе мора и да зборуваат италијански. Идните гондолиери сега прво ќе треба да минат шестмесечен курс за обука – вкупно 400 часа, којшто инаку, чини околу 1.000 евра.
„Официјалната тарифа за 30-минутно возење со гондола е 80 евра. Цената оди до 100 евра од 19 часот па натаму. Ако сакате гондолиерот да пее или да свири инструмент за време на возењето, ќе треба да се доплати“, се вели во описот.
По завршувањето на обуката, кандидатот добива сертификат и дозвола за веслење гондола.
Веслачот потоа е одговорен и за одржување на 11-метарското пловило.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Трамп избран за претседател на САД
-
Рамноправен регионален развој за спречување на иселувањето
-
Фетаи: Администрацијата е неефикасна и политизирана, потребни се реформи
-
Високото образование ќе се реформира од корен, нов закон, студиски програми, повеќе пари за наука
-
Трамп избран за претседател на САД
-
По победата на Трамп, Мицкоски очекува зајаканати односи Македонија – САД
-
Преглед на вестите од светот