Велосипедска тура на Бистра
Тура за планински велосипедисти ќе биде одржана во недела (4 септември) на планината Бистра. Стартот на турата е од селото Тресонче, а ја организира здружението за спорт и рекреација Прв до врв од Скопје.
Турата претставува целодневен велосипедски настан во кој групата велосипедисти ќе извози кружна патека од 56 километри на планината Бистра во која влегуваат селата Тресонче, Селце, Галичник и Лазарополе.
Сите заинтересирани за возење планински велосипед на Бистра можат да се пријават за учество преку веб страницата www.prvdovrv.mk и во недела да бидат дел од групата која ќе вози велосипеди на еден од најживописните предели во Македонија.
За учесниците на велосипедската тура, организаторот обезбеди маркирана патека, водичи, прва медицинска помош, станици со вода и освежување, ручек и сувенир маичка од настанот.
Турата е наменета за сите оние кои рекреативно возат планински велосипед, кои се чувствуваат физички подготвени за повеќечасовно возење во планина и кои поседуваат неопходна опрема за ваков тип на возење
Ново на Сител
-
Мицкоски: Сакаме да бидеме добри соседи но не со свиткана кичма
-
Таравари најави ревидирање на позитивната листа
-
Гласен текстилец бара да се заштитат работниците кои на високи температури работат на отворено
-
Преглед на вести од светот
-
Втор ден самит во Вашингтон, САД
-
Жителите на Оревоец бараат времена мерка против „Бехтел и Енка“
-
Под контрола пожарот во Делгошти
-
Преглед на вести од светот