Велосипед со ознака „Зелени поздрави од Данска“ за МНР
Нерезидентната амбасадорка на Кралството Данска во Македонија, со седиште во Виена, Лиселоте Плеснер денеска во Скопје му подари велосипед на министерот за надворешни работи Никола Попоски во знак на поддршка на намерата на Министерството за промовирање на велосипедизмот. Велосипедот со ознака „Зелени поздрави од Данска“ ќе биде прв во велосипедската флота на ресорното министерство.
Изразувајќи благодарност за подарокот и за споделените дански искуства, особено од градот Копенхаген за инфраструктурата за велосипеди во Скопје, министерот Попоски рече дека станува збор за дел од поширокиот проект за зголемување на културата за користење на велосипеди заради здравје и поголема физичка активност за сите граѓани и охрабрување на што е можно поголем број на луѓе да ги користат во работен контекст и приватно за рекреација.
- Ова е дел од една соработка која е во поширок контекст на зголемување на свеста и за загадувањето и за потребата сите ние со лични гестови да придонесеме за подобра животна средина и за култура која е одлика на нордиските земји, но сигурно има традиција и во овој дел од светот, изјави Попоски.
Амбасадорката Лиселоте порача дека како велосипедист е благодарна што може да соработува со македонскиот проект за промоција на валосипедизмот.
- Возам велосипед цел мој живот. Во Данска тоа е култура. Ние ги користиме велосипедите да одиме на работа, на универзитет, на училиште,.. Тоа го прави речиси пола Копенхаген. Мислиме дека е добар начин за да се спрвиме со климатските промени и да бидеме одговорни кон нашите ресурси. Секој од нас може да направи нешто, некој да вози велосипед, некој да пешачи, некој да прави други нешта... После возењето велосипед нашиот мозок работи подобро. Тоа е воедно и брз начин на превоз преку кој може да се разгледуваат убавините на градот и за кој не е потребен паркинг простор, рече Лиселоте.
Таа нагласи дека во Амбасадата во Виена имаат четири велосипеди кои ги користат многу, а службени велосипеди, како што кажа, има и данското МНР.
- Слушнав дека Скопје се обидува да направи се што е можно за да го промовира велосипедизмот како култура и сакам кога повторно ќе дојдам тука да видам повеќе велосипедисти, нагласи амбасадорката Лиселоте.
Ново на Сител
-
Политичарите уживаат во мешана скара | Цветанка Арсоска и Весна Анчевска | Sitel Podcast 093
-
Од денеска со „Виз ер“ летови до Барселона и Лион
-
Најмалку седум загинати и 20 повредени во бомбардирање болница и аптека во Јужен Судан
-
Скопјанец ја убил сопругата, приведен на Табановце при обид за бегство
-
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-
Пpeд конклавата во Рим исполнети 90 отсто од сместувачките капацитети
-
Здравствената состојба на Вучиќ моментално е стабилна и задоволителна, тврди доктор Динчиќ
-
Николоски: За две и пол години од денеска ќе имаме автопат по сите прописи и стандарди