Велика Британија за осум години повеќе од двојно го зголеми учеството на долгот во БДП
Велика Британија за осум години, од 2007 до 2015 година, го зголеми учеството на долгот на државата во британскиот бруто домашниот производ (БДП) за повеќе од двапати, покажуваат податоците на Евроспка унија.
Во 2007 година и времето на владата на тогашнит премиер Тони Блер, британскиот долг изнесувал 43,7 отсто од БДП.
Четири години подоцна, во 2011 година, во времетоа на коалицискаѕа влада на Дејвид Камерон, долгот нараснал до 81,8 отсто од БДП, додека на крајот од 2015 година се искачил до 91,1 проценти.
Од мај 2010 година, британските влади на Камерон, а сега и на Тереза Меј спроведуваат остри мерки за намалување на долгот и на јавните фондви, посебно во социјалниот сектор.
Таквите мерки кои се промовираа како неопходни за земјата, по финанскиата и банкарската криза во октомври 2008 година и по колапсот на грчката економија и заканата од колапс во Ирска, Португалија и Шпанија, беа основата на политиката на поранешниот британски министер за финансии Џорџ Озборн.
Проценката на експертите е дека Велика Британија, со својата економска и финансиска моќ и со одржувањето на приливот на странски капитал и со домашното урамнотежено трошење, успеа да го намали како што се нарекуваше, „енормен долг“.
Острите мерки за штедење, сепак, ги осиромашија општинските фондови, определени за здравството, образованите и домувањето, а вработените во јавниот сектор, посебно во просветата, седум години останаа без корекции на нивните плати.
Таквата состојба беше користена од агитаторите за Брегзит, за да се нападнат мигрантите од ЕУ, за тоа дека нивниот наплив во Велика Британија, за кој се тврдеше дека „Европа нема решение“ ги исцрпува британсите социјални фондови.
Тој „аргумент“ остана основата за барањето на тврдите „брегзитери“ да не се попушти во намерата целосно да се излезе од ЕУ, од заедничкиот пазар и царинската унија, за да може да се затворат границите за влез на европските државјани во Велика Британија.
Сегашната влада на премиерот Меј не зборува веќе толку многу за „остро штедење“ како во времето на Камерон и неговиот министер Озборн, но кратењето на јавните трошоци и на долгот, засега, останува во сила.
Ново на Сител
-
Кршел по дома и фрлал предмети кон полицајци, приведен жител на Драчево
-
Ќерка го истепала својот татко
-
Пожар во стан во Аеродром, едно лице повредено
-
Жената лидер – жената бизнисмен | Ирена Јакимова | Личен развој | Sitel Podcast 064
-
Во Словенија деактивирана бомба од 104 килограми од Втората светска војна
-
По сообраќајката нормализиран сообраќајот на патниот правец Кичево - Гостивар
-
Суспензии и парични казни за Работнички и МЗТ Скопје Аеродром
-
Застапувал странки иако адвокатската функција му била во мирување, кривична за охриѓанец