Велика Британија ќе и даде на Украина 2,26 милијарди фунти за зајакнување на одбраната
Велика Британија и Украина постигнаа договор за заем од 2,26 милијарди фунти (околу 2,73 милијарди евра) за поддршка на одбранбените капацитети на Украина, изјави украинскиот министер за финансии Сергеј Марченко.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и британскиот премиер Кир Стармер, заедно со британската министерка за финансии Рејчел Ривс, синоќа преку видео-повик разговараа со Марченко, јави Би-Би-Си.
Марченко на социјалните мрежи напиша дека средствата се „обезбедени со замрзнати руски средства“. Тој додаде дека и е благодарен на Велика Британија што „го смета агресорот одговорен за војната“.
Зеленски вчера во рамки на посетата на Велика Британија се сретна со британскиот премиер Стармер, додека денеска ќе присуствува на самитот на европските лидери на кои ќе се разговара за безбедносните гаранции што европскиот континент може да ги понуди на Киев во случај на прекин на огнот со Русија.
Ново на Сител
-
Германската пошта укинува 8.000 работни места
-
Прв Младински дијалог за надворешната политика на ЕУ
-
Продолжува расправата во грчкиот Парламент по барањето за гласање недоверба на Владата поради железничката несреќа
-
Зеленски ќе учествува на вонредниот состанок на Европскиот совет и ќе се сретне со Руте
-
Средношколците во Србија утре повикуваат на генерален штрајк поради цените, но и поради состојбата во државата
-
Волстрит џурнал: Се очекува Трамп да нареди укинување на Министерството за образование
-
Политико: Соработници на Трамп водат тајни разговори со украинските противници на Зеленски
-
ЛШ: Баерн, Барселона, Ливерпул и Интер со предност пред реванш осминафиналните дуели